ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Мотеска, Јанкулоски, Башески и Спасовиќ помеѓу реномираните уметници што ќе се претстават на Нихон-Џи 2.0

May 23, 2023 13:07
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Моника Мотеска

Моника Мотеска

Share on FacebookShare on Twitter

И оваа година како и минатата, неформалната органзација Japan@mk организира изложба на дела од домашни уметници во рамките на своето второ подобрено и побогато издание на Нихон-џи фестивалот на јапонска култура, кој ќе се одржи на 27-ми мај во Мала Станица.

За разлика од своето деби издание, Нихон-џи 2.0. овојпат на љубителите на ликовната уметност им нуди двојна, а со тоа и многу побогата уметничка изложба која ќе облагороди две простории во Мала Станица. Едната од нив е посветена на млади креативци и љубители на јапонската култура кои се пријавија на отворениот повик, додека пак другата на реномирани македонски уметници.

Публиката на настанот ќе има можност да види две дела од скулпторот и професор на ФЛУ, Жарко Башески кој на домашната и светската публика ѝ е познат како мајстор на хиперреалистичната скулптура. Фотографот и професор на “Еуропа Прима”, Роберт Јанкулоски, ќе се претстави со видео арт, како и уметницата Моника Мотеска, која се занимава со сликарство, фотографија, видео и инсталација.

Оваа група на уметници исто така го вклучува мултимедијалниот уметник, режисер, скуптор и музичар Дејан Спасовиќ, кој на Нихон-Џи ќе изложи скулптура, додека пак македонскиот светски наградуван стрип и манга артист Златко Крстевски ќе се претстави со неколку дела.

Златко Крстевски

Тука се вбројуваат и Љупка Делева, визуелен уметник која се занимава со сликање со јапонски туш со инспирација од ориентални мотиви која на настанот ќе се претстави со две sumi-e дела, и Доротеј Нешовски, чии две светлосни инсталации (glitch art дела) ќе блеснат во изложбениот простор.

Младите креативци кои се пријавија на јавниот повик, пак, ќе се претстават со дела подготвени според дадената тема „Неонски бранови“. Едно од селектираните дела е  краткометражен филм кој оваа година ја има својата македонска премиера. Филмот „Oyasumi, Baby“ е дело на младата шпанско-јапонска режисерка Мадока Белда Јамамото Селектор.

За оваа група уметници, селектор беше Беди Ибрахим – македонски вајар, сликар, сценограф и универзитетски професор на ФЛУ, Скопје.

Покрај изложбата, Нихон-џи на својата публика ѝ ветува незаборавно искуство преку музичка програма, проекции, мода, трибини, поезија, работилници, презентации, игри, боречки вештини и продажен дел.

Фестивалот Нихон-Џи е единствениот од својата природа во земјата, а сите заинтересирани за повеќе информации може да погледнат фотографии, видеа или други информации за сите настани на Јапан@мк на било кој од социјалните медиуми (Instagram, Facebook, Youtube) како и на страната japan.net.mk.

Деталната програма за фестивалот е достапна на нивната офицјална веб страна

 

Tags: јапонска култураНихон-џифестивал
Next Post

Маричиќ: Почитувањето на културната различност е европска вредност со која го јакнеме македонското општество

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk