ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шеесет авганистански девојчиња примени во болница поради труење на училиште

June 5, 2023 10:08
in ДЕНЕС, СВЕТ

Околу 60 авганистански девојчиња се хоспитализирани откако биле отруени во училиште во северен Авганистан, соопшти денеска полицијата.

Труењето во дно женско училиште во авганистанската провинција Сар-е-Пол доаѓа по интензивното преиспитување на образованието на девојчињата во земјата откако талибанците ја презедоа власта и го забранија пристапот за повеќето ученички тинејџерки, и по низата труења во училиштата за девојки во соседен Иран.

-Некои непознати лица влегле во женското училиште во областа Санчарак и ги затруле училниците, а кога девојчињата влегле во училниците се затруле, изјави Дан Мохамад Назари, портпарол на полицијата во Сар-е-Пола, без да прецизира за каков отров  станува збор или за тоа кој стои зад инцидентот.

Назари додаде дека девојчињата биле пренесени во болница, но дека сега се во „добра состојба“.

Засега никој не е уапсен.

За време на претходната влада во Авганистан, која беше поддржана од странските влади, се случија неколку напади со труење, вклучително и напади со гас, врз училиштата за девојки.

Талибанската администрација,  откако ја презеде власта во 2021 година, им забрани на повеќето ученички да посетуваат средно училиште и факултет, што наиде на осуда од меѓународните влади и многу Авганистанци.

Талибанските власти ги задржаа отворени основните училишта за девојчиња на возраст до околу 12 години и додаваат дека се за образование на жените, но под одредени услови.

Tags: Авганистандевојчиња болница труење училиште
Next Post

Нада Пешева е добитник на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“

НАЈНОВО

Скирншот

Министерот Бесент очекува САД годишно да имаат над 500 милијарди долари приходи од царини

August 27, 2025

ОН бараат правда за двојниот израелски напад врз болница во Газа, во кој загинаа пет новинари и четири здравствени работници

August 27, 2025
Скриншот

Најмалку 30 загинати во свлечиште во индискиот регион Џаму

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk