ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

До изборите останува празно министерското место во труд и социјална политика

Во ваква ситуација, со овој ресор до изборите би требало да раководи дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ, која е предлог на СДСМ, а по изборите па се до изборот на новата Влада, раководењето со овој ресор треба да го презеде редовниот заменик-министер во ова Министерство, Ѓонул Бајрактар.

February 17, 2020 09:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

До изборите министерското место за труд и социјална политика во техничката Влада ќе остане празно откако ВМРО-ДПМНЕ до вчерашното распуштање на Собранието не даде нов предлог за оваа позиција по разрешувањето на техничката министерка Рашела Мизрахи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски на прес-конференција во седиштето на партијата соопшти дека нема да предложат ново име бидејќи, како што рече, не сакаат да учествуваат во игрите на Зоран Заев и Оливер Спасовски.

–  Тоа беше една процедура во која слугата на Заев, Оливер Спасовски, на начин на кој ги прекрши сите закони и политички договори, се обиде да го затскрие моментот кога јавноста, а и пратениците слушаа како всушност Зоран Заев го советувал Бојан Јовановски, како објаснува дека знаел за делувањето на Меѓународниот сојуз и ја помагал работата на телевизијата. Сето тоа се обиде да го сокрие со смената на најдобриот министер во Владата Рашела Мизрахи. Ние тој чин не го признаваме и немаме намера да бидеме дел од оваа игра на која основен сценарист е Зоран Заев, а извршител Сапсовски, рече Мицковски, одговарајќи на новинарско прашање.

По разрешувањето на Мизрахи од страна на Собранието, техничкиот премиер Оливер Спасовски испрати барање до ВМРО-ДПМНЕ да назначи нов министер за труд и социјална политика, но до распуштањето на Собранието таков предлог не дојде од страна на опозициската партија.

Во ваква ситуација, со овој ресор до изборите би требало да раководи дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ, која е предлог на СДСМ, а по изборите па се до изборот на новата Влада, раководењето со овој ресор треба да го презеде редовниот заменик-министер во ова Министерство, Ѓонул Бајрактар.

ехничката министерка Рашела Мизрахи беше разрешена на предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски поради непочитување на уставното име на јавните настапи, односно поради таблата со името „Република Македонија“ пред која држеше прес-конференции. Владата соопшти дека Мизрахи носела решенија за кадровски промени и овластувања и на 14 февруари, на денот кога во Собранието беше покрената постапка за нејзино разрешување од функцијата технички министер за труд и социјална политика. Овие решенија беа поништени на последната владина седница.

Next Post

Шекеринска: Сакаме да видиме пресврт во судството – власта не смее да биде правосудство и таа што ќе носи одлуки

Shortcut

Најново

Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk