Американскиот претседател Џо Бајден вчера кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече диктатор, додавајќи дека Си бил многу засрамен кога неодамна беше соборен кинески шпионски балон што леташе над САД.
Бајден ставо го искажа на настан за собирање средства во Калифорнија, еден ден откако американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со Си во Пекинг, со цел да се намалат тензиите и ривалството меѓу двете земји.
-Причината зошто Си Џинпинг толку се вознемири кога го соборив тој балон со „два вагона шпионска опрема“ е затоа што не знаеше дека е таму. Тоа е голем срам за диктаторите. Кога тие не знаеја што се случило. Тој не требаше да оди таму каде што беше. Беше скршнат од курсот, рече Бајден.
Имено, балонот на почетокот на февруари една недела леташе над САД и Канада, а беше соборен по наредба на Бајден над Атлантскиот Океан.
Инцидентот, што предизвика Блинкен да ја одложи првично планираната посета на Пекинг, како и размената на посети меѓу американските и тајванските официјални лица, ги зајакна тензиите меѓу САД и Кина.