Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи соопшти дека го одложуваат генералниот штрајк закажан за денес.
Одлуката да се одложи штрајкот како што велат од Синдикатот на вработените во УЈП, е поради одложувањето на процесот на помирување.
Назначениот помирувач Лазар Јовевски вчера побарал иземање затоа што бил во странство и не можел да се врати за три дена, односно во рокот во кој треба да преговара со Министерството за финансии.
Од Синдикатот на УЈП стојат цврство на ставот дека го бараат тоа што им следува согласно постоечкиот Колективен договор кој е на сила.
Вработените во УЈП и денес ќе протестираат во периодот од 10 до 12 часот, како што тоа го прават секој ден