ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Апатурај: Назадувањето со Договорот од Преспа ќе има последици за земјата во НАТО

-Се рабира дека треба да има понатамошни чекори. Од дипломатската страна сите ќе мора да имаат безбедносно одобрение, ќе мора да продолжиме со тој процес. Во воениот дел ќе мора да имаме целосна интеграција во структурите и тоа исто така ќе одземе малку време. Тоа се важни, но, технички прашања. Реалноста е дека од моментот кога Северна Македонија ќе стане членка, ќе биде полноправна членка во се, вели Апартуј во интервјуто.

February 17, 2020 16:16
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Назадувањето со Договорот од Преспа ќе има негативни последици што никој не треба да ги потценува, вели заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај во интервју за „Телма“.

– Штом Северна Македонија влезе во НАТО, таа е членка на НАТО. Сметам дека тоа треба да биде многу јасно. Тој пат, тој воз ја напушти станицата. Но и покрај тоа, мислам дека има две вистински импликации ако има некакво назадување. Едната е многу значајна – политичка импликација во рамки на оваа Организација, бидејќи секако пристапувањето беше засновано на многу важното решавање на прашањето за името. Но, исто така, ќе кажам дека ќе има политичка цена, зборувам за нас, не зборувам во име на ЕУ, но тоа е суштински елемент на прогресот на Северна Македонија кон ЕУ. И мислам дека никој не треба да ги потцени негативните последици ако има назадување од Договорот за името. Сметам дека патот на кој Северна Македонија е сега со Преспанскиот, со Договорот за името, ги покажува сите резултати кои ги очекувавме – членството во НАТО и се надевам, и очекувам исто така, напредок и кон членството во ЕУ, порачува Апатурај.

Од наша перспектива, додава тој, пред се ние правиме одличен прогрес, но како второ, во моментот кога ние ќе го поминеме прагот и Пристапниот протокол биде потпишан и депониран во Вашингтон, се надеваме март, земјата е полноправна членка на НАТО.

-Се рабира дека треба да има понатамошни чекори. Од дипломатската страна сите ќе мора да имаат безбедносно одобрение, ќе мора да продолжиме со тој процес. Во воениот дел ќе мора да имаме целосна интеграција во структурите и тоа исто така ќе одземе малку време. Тоа се важни, но, технички прашања. Реалноста е дека од моментот кога Северна Македонија ќе стане членка, ќе биде полноправна членка во се, вели тој во интервјуто.

Во врска со реформите во безбедносниот и одбранбениот сектор кои се во тек, Апатурај вели дека она што го виделе е дека  земјава го започнала патот на реформите и на суштинските реформи и многу се благодарни за тоа.

-Ние работиме многу блиску со земјата, имаме своја канцеларија таму која работи на тоа со властите. Земјата достави програма на реформи. Таа програма на реформи веќе започна, продолжува низ пристапниот процес, но и ќе продолжи со години потоа. И она што е многу важно е дека продолжува, во области како што се реформите во разузнавачкиот сектор, реформата на одбранбениот сектор. Ние ќе очекуваме тие реформи да продолжат. Тие се добри за земјата, добри се за нас, бидејќи земјата ќе може повеќе да придонесува како НАТО-сојузник. Веќе се почнати и ќе траат со години, вели заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Џејмс Апатурај.

Next Post

Костадинов: Извршителот Мицкоски не успеа да го спаси неговиот шеф Груевски

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

November 1, 2025

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk