Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години загуби попладнево од Холандија со 64-43 (26 – 19) на Европското првенство во Б дивизијата кое денеска почна во Софија.
Македонските кошаркари на полувреме беа во негатива од седум поени, а Холанѓанките стекнаа недостижна предност во третата четвртина која ја решија во своја корист со 18-7.
Најефикасна во македонските редови беше Марија Николов со 11 поени
Во групата А со македонската репрезентација се и Данска, Исланд и Хрватска.
Следен противник на македонските кошаркари ќе биде репрезентацијата на Исланд, в недела од 20: 30 часот.
Првопласираните две репрезентации од сите четири групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.