ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Илинденците и асномците нѐ задолжија да продолжиме по европскиот пат

August 2, 2023 10:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Ние знаеме дека од Илинден – до денес, ништо не било лесно, затоа што и нема лесен пат до вредна цел, кажа премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето повод 120 години од Илинденското востание во Крушево.

– Но, насоката на илинденците и асномците е јасна, патоказот е пред нас. Илинденците и асномците не се прашувале дали вреди да се продолжи. Не калкулирале со следниот потребен чекор. Не бегале од одлуки и не се криеле. Знаеле и дека во обединувањето е силата – и така и постапувале. Одлуките на илинденците и асномците обврзуваат дека битките се водат, не се напуштаат! Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека интеграцијата, отвореноста, прогресот, заедништвото и соживотот денес се базирани на Илинденското Востание, на Крушевскиот Манифест и на Асномските одлуки.

– Да се биде независен и самостоен, рамо до рамо со европските народи е токму резултат на револуционерната борба. Времето е различно, но принципите и вредностите се исти. И затоа мораме да продолжиме да ја градиме државата на европскиот пат. Ние друга алтернатива немаме и не смееме да имаме. Заради нас самите. Никој не смее да ја украде и измени нашата историја! Бидејќи тоа е невозможно. Никој претходно, а камоли сега, не може да украде, измени или избрише векови и векови создавана и развивана традиција, култура и засебност. На сите негирања однадвор и одвантре, мораме да се спротивставиме со врвно национално чувство, со висока национална самодоверба и гордост, и најважно од сѐ со здраво и разумно обединување околу заедничкото, за универзалните принципи и вредности, смета Ковачевски.

Премиерот Ковачевски во својот говор истакна дека кога илинденците и асномците влегле во борбата немале гаранции за успех од никого.

– Се бореле со тоа што го имале! Но најмногу од се, со својата верба, идеали и желба за подобра сегашност. Денеска, оружјето го заменуваме со разум, знаења и мудрост. Но, најмногу од се, потребна ни е вербата и оптимизмот дека можеме и мораме да успееме. Колку побрзо, толку подобро. Потребна ни е мудроста и енергичноста за носењето на најдобри одлуки. Потребна ни е и жртвата, несебичноста и визијата за државата наспроти личните интереси. Историја, традиција, култура, држава се градат со векови, но можат да се уништат во денови. Тоа не смееме да го дозволиме, никогаш. Во ниту едно име, за ниту една цел.И затоа повторно, повикувам со голема енергија, со искрена верба, со позитивен пристап, подобро, побрзо и вистински да ја градиме европската Македонија. На темелите на Крушевската Република, на темелите на асномската Република Македонија, на современата и независна Република Македонија, на денешната европска Северна Република Македонија, порача Ковачевски.

Next Post

Ковачевски оддаде почит со положување цвеќе пред Споменикот на Слободата- „Сила, слава и победа" на Тврдината Кале по повод Илинден

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk