Макаби Тел Авив објави за заминување на голманот Даниел Перец во Баерн Минхен.
– Ние сме тажни поради заминувањето на Даниел, но горди на овој потег и му посакуваме успех на него и на неговиот нов клуб Баерн во сите нивни напори, се вели во соопштението на Макаби.
Според новинарот Патрик Штрасер, трансферот ќе го чини Баерн Минхен 6-7 милиони евра.
Дваесет и тригодишниот Израелец потекнува од школата на Макаби. Одигра 101 натпревар за клубот, зачувајќи ја мрежата „чиста“ на 44 средби.
Во сезоната 2019/20 играше како позајмен во Беитар Тел Авив.
Договорот на Перец со Макаби истекуваше во летото 2024 година. Порталот Трансфермаркт го проценува на четири милиони евра.