Во Велес денеска почнува фестивалот на Фестивал на џез, ворлд и современа музика во органзиација на „АРТ ГЕНЕРАТОР”.
Фестивалот е основан и финансиран од Општината и трае 5 дена.
Ќе настапуваат групи од Хрватска, Грција, со гости од Германија, Австралија и од државава.
За денеска е предвиден настап на „Reel Problems” од Хрватска со почеток во 20 часот. По завршувањето на концертот, на паркингот на велешкиот театар ќе настапи Бојан Чакра со DJ Vinyl set кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.
Втората вечер е посветена на современата музика, настапуваат „КЕМ” и „Пијан славеј” . По завршувањето на концертите, на паркингот на театар Ј.Х.К Џинот – Велес ќе настапи Андреја Салпе со DJ set, кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.
Третата вечер е посветена на 80 годишнината од смртта на великанот на Велес, Коста Солев Рацин. Ќе има концерт на Dine Doneff: „Dine Doneff Nered music Trilogie” од Грција во три етапи. Првиот дел ќе се одржи во Спомен костурницата во Велес, со почеток 18 часот. Следните две етапи се на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20 часот. По завршувањето на концертот, на паркингот на театарот ќе настапат „Aspirin Moon” музичко дуо со слем поетри, кои ќе бидат пропратени со визуелен перформанс на театар „Сенки и облаци”.
Четвртата вечер е резервирана за изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков – Шамба во Europe House Велес.
За целокупниот графички дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи уметникот Филип Коруновски.
Целта е децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни соджини.