ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Со предавање за Палестина продолжува осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура

September 7, 2023 09:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Cо предавањето „Во потрага по убавината на Палестина за време на окупација“ на Раед Саадех, започнува вториот дел од осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапункт“.  Оваа година фестивалот се оржува на тема „Заробени во слободата – уметноста и заедницата“.

Предавањето ќе се одржи на 9 септември, 2023 (сабота), во КСП „Центар – Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн бр.2), со почеток во 20 часот.

За да се заштити континуираното постоење на Палестинците како окупирана нација и нивната политичка иднина, како и да се зачува нивното материјално и нематеријално наследство, особено во позагрозените области, оние кои се блиску до населбите, но и во оддалечените области, од витално значење е да се бараат карактеристични елементи кои ги формулираат специфичните идентитети на овие потенцијални дестинации со културно наследство, каде туризмот може да се согледа како алатка за издржливост и развој. Идејата за потрагата по убавината на Палестина која е вкоренета во нејзината демографска, културна, еколошка и природна разновидност е од витално значење за народот чии корени и наративи се оспорувани и искоренети од израелската окупација. Ова предавање ќе се обиде да претстави пристап кон одржлива сензибилизација на специфичните културни идентитети на овие локалитети и методологија за селата, градовите и другите заедници, со цел да се формулира стратегија на одржливост и развој.

Како и во последните неколку години, КРИК се одвива во неколку кластери низ годината, бидејќи обидот да ја живееме и поттикнуваме критичката култура не може да биде еднократен – тоа е влог кој трае континуирано и постојано.

Низ разни теориски, уметнички и социјални практики ќе ги испитуваме и истражуваме, формите на рабните, субверзивни стратегии на алтернативни простори на слободата кои ќе стојат наспрема репресивните општествени и институционални форми кои го контролираат нашето слободно време, сфатено како време во кое ги остваруваме нашите императивни цели, поврзано со создавањето на општествени заедници кои се грижат за заедничкото добро, за зелените политики аплицирани во сите сегменти на заедницата и кои сакаат да ги редефинираат актуелните, капиталистички, „пазарни“ политички концепти кои безмилосно газат врз сѐ што треба да го создава емпатичниот, праведен и солидарен поредок.

Тимот на КРИК – фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Тијана Ана, Петар Милат, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ.

Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб, kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад, и Културтрегер од Загреб.
Особена блгодарност до КОМА (@koma.mk) студио за графички дизајн.

Контрапункт и фестивалот КРИК се поддржани од Министерството за култура на Северна Македонија, Гете институтот, Европската Унија преку проектите на Креативна Европа, Re-Imagine Europe и Peripheral Visions. Настанот се реализира во соработка со КСП Центар Јадро.

 

Next Post

Напаѓачите врз медиумите може да добијат и затворски казни!

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk