Казнети се 183 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од МВР денеска информираа дека од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 54 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.