Локализиран е дефектот на дистрибутивната мрежа и нормализирана е испораката на енергија кај најголем дел од потрошувачите во Кисела Вода, известуваат од ЕСМ.
– Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина во тек на вчерашниот ден во најкраток рок го локализираа дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во населбата Кисела Вода. По локализирање на дефектот, утрово повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во таа населба, соопштуваат од ЕСМ.
Од компанијата информираат дека екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина и денеска се на терен и интензивно работат на санација на дефектот, со цел истиот да биде саниран во најкус можен рок.
– Во попладневните часови во тек на вчерашниот ден, поради високите надворешни температури не се вршеше испорака на топлинска енергија, велат од ЕСМ.