ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајден патува за Израел по нападот врз болницата во Газа во кој загинаа стотици

October 18, 2023 08:57
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во нападот врз болница во Газа загинаа стотици Палестинци, со што се продлабочија тензиите на Блискиот Исток и се зголемија влоговите за американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска замина за Израел за да изрази поддршка за неговата војна против Хамас. Се очекува да пристигне во Изреал во 10 часот по локално време.

Палестинските власти соопштија дека израелските сили ја погодиле болницата во воздушен напад, а министерот за здравство на палестинската управа го обвини Израел за „масакр“. Израел ја обвини палестинската група Исламски џихад за експлозијата во болницата Ал-Ахли ал-Араби со неуспешно лансирање ракета.

Портпаролот на палестинското министерство Ашраф Ал-Кудра изјави дека спасувачите се уште извлекуваат тела од урнатините.

Шефот на цивилната одбрана на Газа соопшти дека бројот на загинати е 300, додека извори од Министерството за здравство објавија за 500 жртви.

Комплексната дипломатска мисија на Бајден на Блискиот Исток требаше да го смири регионот и да ги поддржи хуманитарните напори за Газа, но по нападот, Јордан го откажа планираниот самит со американскиот претседател, палестинскиот претседател Махмуд Абас и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

Абас, исто така, ги откажа плановите да се сретне со Бајден, а палестинските безбедносни сили употребија солзавец и шок-бомби за да ги растераат антивладините демонстранти во окупираниот град Рамала на Западниот Брег.

Протести беа одржани и пред амбасадите на Израел во Турција и Јордан и во близина на американската амбасада во Либан, каде безбедносните сили фрлија солзавец кон демонстрантите.

Пред нападот на болницата, здравствените власти во Газа соопштија дека најмалку 3.000 луѓе загинале во 11-дневното бомбардирање на Израел што започна по нападот на Хамас што го изненади Израел и доведе до тоа што речиси 200 луѓе беа одведени во Газа како заложници.

Израелската војска   ги повика жителите на градот Газа да се преселат на југ, велејќи дека постои „хуманитарна зона“ со достапна помош во Ал-Маваси, 28 километри од брегот од палестинската енклава.

Говорејќи пред новинарите додека Бајден веќе беше на пат за Тел Авив, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби рече дека Бајден ќе им постави „тешки прашања“ на израелските лидери, но не даде детали.

Бајден ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со израелскиот воен кабинет за да добие увид во плановите и целите на Израел, рече Кирби. Исто така, има за цел да испорача хуманитарна помош во Газа, каде што милиони Палестинци преживуваат со недостиг на храна, гориво и вода поради израелската опсада.

„Ќе постави некои тешки прашања, ќе ги постави како пријател, како вистински пријател на Израел“, рече Кирби.

Не е јасно што би можел да постигне Бајден за време на неговата посета. Кирби рече дека американскиот претседател планира да разговара со Абас и Сиси пред неговото враќање во Вашингтон.

„Таков ужасен настан ја комплицира дипломатијата и ги зголемува ризиците од ескалација“, рече Ричард Гован, директор на Меѓународната кризна група на ОН.

Бајден претходно изјави дека САД не сакаат конфликтот да ескалира во поширока војна.

Иран, кој ги поддржува Хамас, Исламскиот џихад и исламистичката група Хезболах со седиште во Либан, го предупредија Израел на ескалација доколку не ја прекине својата агресија врз Палестинците.

Дури и пред нападот во болницата, Њујорк Тајмс ја нарече посетата на Бајден како – „патување полно со ризици“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бајденизраел
Next Post

Утрото со врнежи од дожд, во текот на денот со сончеви периоди

НАЈНОВО

Студено наутро, сончево во текот на денот

October 5, 2025

Привремен сообраќаен режим за 21. Виз Ер Скопски маратон

October 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk