Во сообраќајна контрола вчера на територија на државата казнети се 311 возач за возење со брзина поголема од дозволената.
Како што информира денеска МВР, од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 194 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место.
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.