ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Светска премиера на документарецот „Патување пеш“ на фестивал во Њујорк

November 9, 2023 09:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: ОХО-Продукција

Фото: ОХО-Продукција

Новиот документарен филм на режисерката Тамара Котевска, насловен „Патување пеш“ (The Walk), денеска ќе има светска премиера во Њујорк, на DOC NYC – најголем американски фестивал за документарни филмови.

Филмот е посветен на бегалците од Сирија и Палестина, сниман е две години на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев.

Главен продуцент на филмот е Grain Media – една од најголемите наградувани британски филмски компании фокусирана на документарните филмови. Македонски копродуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Како што соопшти ОХО, филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом.

Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, која ја следи одисејата на Амал преку два континента. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле се, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар, информира продукцијата.

Режисерката Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кога филмот доби три награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории.

Tags: документарецПатување пешфилм
Next Post

Во Собранието презентација на Извештајот за родовата застапеност во изборите и политичките процеси во земјава

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk