На 22 ноември се навршуваат 115 години од Битолскиот конгрес одржан од 14 до 22 ноември во Битола, во 1908 година. Иницијативата произлезе по констатацијата дека обединувањето на азбуката е толку неопходно што, покрај образовниот и културниот проблем, стана и политички проблем за кој тогашното национално движење на Албанците бараше решение.
Во пресрет на Денот на Албанската азбука, во Битола вчера се одржа свеченото отворање на првата библиотека со книги на албански јазик, со иницијатива на студентката Емира Селими и бројни донации.
„На 115-годишнината од албанската азбука, во Светиот Албански манастир, кој ги собра Геги и Тоски, муслимани и христијани, за азбуката што ја имаме денес. Зачувувањето и негувањето на мајчиниот јазик не е само повик за зачувување на културното наследство. Тоа е повик за зачувување на националниот идентитет“, рече Бегај.
22 ноември е комеморативен ден во Албанија, Косово, Северна Македонија и во албанската дијаспора, познат како Ден на азбуката. Пред конгресот, албанскиот јазик беше претставен со шест или повеќе азбуки без броење на подваријантите. Првиот Конгрес го одржа здружението „Башкими“ во куќата на Фехим Завалани, каде што беше и седиштето на ова здружение.
Историскиот објект Музеј на албанската азбуката во Битола често е мета на хулигански напади, демолирани прозорци и влезни врати.
Во 2016 година беа прикачени и натписи со паролата со говор на омраза, „смрт за Албанците“.
Д. Тахири / Цивил Медиа