ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европската комисија повторно препорачува отворање преговори со Северна Македонија

„Северна Македонија ги зајакна своите напори и гарантираше натамошни опипливи и одржливи резултати во клучните области. Основата за Комисијата да препорача отворање на пристапните преговори со Северна Македонија останува и натаму валидна“, стои во извештајот на Европската комисија

March 2, 2020 08:22
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Последната пречка што можеше да се појави пред одлуката на европските лидери на нивниот самит, според најавите од дипломатски кругови, денеска е надмината – Европската комисија во извештајот што ќе го објави малку подоцна останува на  одлуката да препорача отворање преговори со Македонија. „Северна Македонија ги зајакна своите напори и гарантираше натамошни опипливи и одржливи резултати во клучните области кои беа идентификувани во заклучоците од Советот од 2018 година.

Консеквентно на тоа, основата за Комисијата да препорача отворање на пристапните преговори со Северна Македонија останува и натаму валидна“, стои во извештајот на Европската комисија.

Во извештајот, кој е краток и концизен, се наведува дека Комисијата ја следела состојбата во три клучни области: прво, реформите во правосудството и проактивен пристап кон истрагите, обвиненијата и пресуди за корупција и организиран криминал, вклучувајќи го и тој на високо ниво; потоа, реформи на службите за безбедност и разузнавање; и трето, реформи на јавната администрација.

Во него се посочува на „засиленото темпо на имплементација на реформите предвидени со Стратегијата за реформа на правосудството“, како и адресирање на „Итните реформски приоритети“. Извештајот го посочува како добра пракса разрешувањето на шест судии, вклучувајќи го и поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, како и одземањето на имунитетот на еден судија на Управниот суд. Понатаму се наведува дека инспекцискиот надзор на Акмис системот е позитивен чекор, како и новиот закон со кој се отстрануваат недостатоците при распределувањето предмети.

Се наведува и усвојувањето на новиот Закон за јавно обвинителство, чија цел, според Европската комисија, била и да се обезбеди одговорност за сторените прекршувања на законите и целосно затворање, до правосилна судска пресуда, на случаите кои ги отпочна СЈО. Извештајот зборува за покажаната добра пракса од страна на СЈО и ОЈО за гонење на организиран криминал во однос на независните истраги и отворање на обвиненија за повеќе поранешни и актуелни високи функционери.

Повеќе: Независен

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сончево со умерена облачност и ветер од јужен правец

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk