ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

По неколкудневна дебата Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се бара поголема хуманитарна помош за Газа

December 22, 2023 19:26
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По неколкудневна дебата, Советот за безбедност на ОН денеска усвои резолуција со која се бара поголема хуманитарна помош за цивилното население во Појасот Газа. Тонот на текстот на документот беше значително омекнат од оригиналната верзија, што им овозможи на САД, најголемиот поддржувач на Израел, да се воздржат од гласањето, јави ДПА.

Советот за безбедност неколкупати оваа недела го одложи гласањето за новата резолуција за конфликтот во Газа, откако се чинеше веројатно дека САД, како постојана членка на тоа тело на ОН, ќе стават вето на нацртот поднесен од Обединетите Арапски Емирати за заштита на интересите на Израел.

Значајните отстапки на преговарачите спречија резолуцијата да пропадне во последен момент. Вкупно 13 од 15-те земји во Советот за безбедност гласаа за текстот, Русија и САД беа воздржани.

Резолуцијата, која е обврзувачка според меѓународното право, го повикува Израел да обезбеди „непосреден хуманитарен пристап“ до Појасот Газа, како и да создаде „услови за одржлив прекин на непријателствата“.

Во врска со спорното прашање за тоа како да се проверат испораките на помош што одат во Газа, членовите на Советот се согласија да назначат одговорен координатор на ОН, кој исто така ќе се погрижи испораките да се забрзаат во соработка со сите актери.

Сепак, други пасуси беа избришани по притисокот од САД, вклучително и параграф со кој се осудуваат „сите прекршувања на меѓународното хуманитарно право “ како и не беше вклучено барањето за итен прекин на непријателствата за да се овозможи испорака на помош.

Tags: ГазаОН
Next Post
Фото: Агротим.мк

Обезбедени нови 20 милиони евра дополнителна поддршка за земјоделците до крајот на година

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk