ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска од Крушево: Поддршката од скоро десет милиони денари за развојот на културната програма дава резултати

December 25, 2023 16:42
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беше во работна посета на Општина Крушево, каде што се сретна со градоначалникот Томе Христоски и направи обиколка на дел од националните установи од културата.

Костадиносвка-Стојчевска и Христоски ги разгледаа актуелните состојби во културата, а разговараа и за резултатите кои се постигнати со вложувањето во овој сектор, кој е еден од најважните за промоцијата на градот.

Министерката за култура рече дека Крушево и локалната самоуправа знаат да ја вреднуваат моќта на културата и според тоа влегуваат во приоритетите за поддршка на Министерството за култура, кое инвестира во изградба и обнова на културна инфраструктура. 

  -За крушевчани, 2023 е исклучително успешна година, во која се вложени речиси 10 милиони денари за културни настани, претстави, концерти, изложби кои го претставија градот како културен и туристички центар на овој регион од државава. Достоинствено одбележавме 120 години од Илинденското востание во рамките на манифестацијата „Крушево, град на културата 2023“, што ја поддржавме со сума од 3,4 милиони денари, рече министерката за култура.

Минстерката за култура во обиколка на националните установи, со директорот на „Историскиот музеј“ Тана Тома, ги издвои позначајните проекти со кои Минситерството за култура преку Годишната програма ја поддржа оваа установа, како и „Спомен куќа на Тодор Проески“, а стана збор и за степенот на реализација на финасираните проекти од областа на заштитата на културното наследство, за што изманатава година се инвестирани околу еден и пол милион денари.

-Општината со богата историја, традиција и култура беше корисник и на Програмата за капитални дотации од областа на културата за единиците на локалната самоуправа, од која на Крушево му доделивме речиси 1,2 милиони денари за монтажната бина. Ова е потврда дека со добри проекти и идеи, успешно се остваруваат потребите и интересите на граѓаните, рече Костадиновска-Стојчевска.

При својата работна посета на Крушево, Костадиновска-Стојчевска ги посети „Леарницата“ и „Спомен собата на Васил Иљоски“, која исто така е реализирана со поддршка на Министерството за култура, а се сретна и со в.д. директорот на новоформираната институција, НУ „Десет дена Крушевска Република“. 

Next Post
Photo: picture alliance/dpa | Sina Schuldt

Поплави во делови од Германија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk