Индиската организација за истражување на вселената соопшти дека успешно лансирала ракета-носач од вселенскиот центар Срихарикота.
Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО) почна мисија за проучување на црните дупки со помош на нова вселенска опсерваторија.
Шефот на ИСРО, Срихара Соманат, соопшти дека лансирањето од вселенскиот центар Срихарикота било успешно.
Индискиот телевизиски канал NDTV јави дека производството на сателитот, кој се очекува да има оперативен век од повеќе од пет години, чинел околу 2,5 милијарди рупии (околу 27 милиони евра).
Тоа е многу помалку отколку што американската вселенска агенција НАСА потрошила на сателит за слична мисија.
Индија има сè поамбициозни вселенски планови.
Индискиот премиер Нарендра Моди неодамна изјави дека сака неговата земја за прв пат да испрати астронаут на Месечината до 2040 година и дека до 2035 година ќе има индиска вселенска станица.