Сојузниот уставен суд во Германија ја отстрани неонацистичката партија Die Heimat (Татковина), од правото на јавно финансирање и даночните поволности што вообичаено се однесуваат на политичките организации.
Како што пренесува Њу Јорк Тајмс, одлуката може да обезбеди план за владините напори да го спречи повторното оживување на екстремната десница.
Партијата веќе беше премала за да добие јавно финансирање, но случајот беше внимателно следен бидејќи може да има импликации за спротивставување на Алтернатива за Германија, или AfD, далеку попопуларна екстремно десничарска партија. Германија користи јавно финансирање на партиите за да ја намали моќта на приватните донации.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа