ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Повикот за пријавување на куратори од Западен Балкан отворен до 8 март

Британскиот совет почнува нов циклус на соработка со куратори и културни институции од регионот под наслов „Тука сме – Екологии на иднината“.

March 4, 2020 11:01
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Повикот за куратори од Западниот Балкан, кој беше отворен од Британски совет на почетокот од годинава, се затвора во недела на 8 март.

Британскиот совет почнува нов циклус на соработка со куратори и културни институции од регионот под наслов „Тука сме – Екологии на иднината“. Овој проект се реализира заедно со реномираната уметничка агенција „ЛУКС“, која е една од водечките институции за подвижни слики, истражувања на уметничкиот израз и за експериментален филм.

Повеќе информации за проектот и околу пријавувањето може да се најдат на веб-страната https://www.britishcouncil.mk/ 

– По тој повод, отворен е повик за куратори кои треба да одговорат на теми кои се истражуваат во програмата „Екологии на иднината“. На кураторите им нудиме можност за професионална соработка и пракса во регионот, како и соработка со партнери од Велика Британија, соопштуваат од Британски совет.

Сите заинтересирани може да се пријавуваат преку веб страницата на Британскиот совет со оригинален кураторски предлог кој ќе вклучи низа дела на уметници од Западниот Балкан кои ќе се изложат заедно со дела на уметници од Велика Британија. – Делата нужно не мора да бидат подвижни слики или видео арт. Покрај ова, потребно е да се осмисли и програма со активности за привлекување публика, нова и онаа која ги познава делата на современите визуелни уметници и ќе поттикне дискусии на теми кои најдобро одговараат на локалните прилики, блиски на темата „Екологии на иднината“, соопштуваат организаторите.

Избраните куратори, посочуваат организаторите, ќе имаат можност да подготват изложби и придружни програми за публика според предложените концепти со покривање трошоци во висина до 7.000 фунти.- На избраните куратори ќе им биде овозможен пристап до колекциите на Британски совет и на „ЛУКС“ кои поседуваат најдобри филмови на современи уметници кои живеат во Велика Британија и можност за средба со некои од тие уметници; еднонеделен студиски престој во Лондон, чиј домаќин на групата куратори од регионот ќе биде агенцијата ЛУКС и ќе опфати работилници и посети на релевантни галерии и центри за современа уметност во Лондон; и соработка со партнери во својата и останатите земји од Западен Балкан, информираат од Британски совет.

„Екологии на иднината“ е дел од серијата ТУКА СМЕ, која се состои од пет уметнички филмски програми од збирката на Британски совет и од уметничката агенција „ЛУКС“. Програмата истражува теми како што се раскажување, маргиналност, наследство, родов идентитет, урбанизација и одржливост, на кој начин тие влијаат на млади уметници и на оние кои се етаблирани и живеат во Велика Британија и како ги истражуваат темите преку биографија, документарен филм, поезија и проза.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025

(ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

May 14, 2025
CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk