ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Глобалната платформа „Амазон прајм“ ја откупи серијата „Сенки над Балканот“

Од нашите актери во првата и втората сезона учество зедоа Петар Арсовски, Тони Михајловски, Јана Стојановска, Аксел Мехмет, Никола Ристановски, Петар Мирчевски и Дениз Абдула.

March 6, 2020 09:48
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Една од најгледаните телевизиски серии во регионот, „Сенки над Балкан“, во која важни улоги толкуваат и македонски актери, ќе биде достапна за гледање на глобалната мрежа „Амазон прајм“, пренесе 360 степени.

Како што јавува „Н1“, после долги преговори серијата конечно ќе се најде на глобалната сцена и со тоа станува и прва српска ТВ-серија која ќе биде достапна на светска платформа.

„Ова е важен настан, не само за нас кои работевме на „Сенките…“, туку и за домашната кинематографија и телевизија. Преговорите се водеа речиси две години, но успеавме да убедиме една од најважните онлајн-платформи да ја откупи серијата. „Амазон прајм“ станува сериозна конкуренција и за „Нетфликс“, изјави режисерот и автор на серијата, Драган Бјелогрлиќ, кој воедно ја толкува и главната улога.

ТВ-серијата „Сенки над Балканот“ е историски трилер со дејствија кои што се одвиваат на почетокот на 20 век, главно во Белград, и опфаќа дел од историско-политичките случувања од тој период во Македонија.

Серијата по концепт и во режија на Драган Бјелогриќ е меѓународна копродукција помеѓу „Кобра Филм“ – Србија, „Скопје Филм Студио“ – Македонија и „Искра“ – Русија. Како копродуценти на серијалот со свое учество се вклучија и Радио-телевизија Србија, Радио-телевизија Република Српска и Македонската радио-телевизија, а истата е финансиски поддржана од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Од нашите актери во првата и втората сезона учество зедоа Петар Арсовски, Тони Михајловски, Јана Стојановска, Аксел Мехмет, Никола Ристановски, Петар Мирчевски и Дениз Абдула.

Досега, од регионалните ТВ-серии голем успех постигна и хрватската серија „Новине“, која лани беше откупена од Нетфликс. Исто, минатата година за првпат во продукција на регионалната ХБО се реализираше и серијата „Успех“ по сценарио на македонскиот сценарист Марјан Алчевски, а во режија на оскаровецот Данис Тановиќ.

Next Post

Изложба „Жените и фотографијата“ во Куманово

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk