Украинските пратеници му изгласаа недоверба на државниот обвинител Руслан Рјабошапка, откако претседателот Володимир Зеленски изјави дека тој е неефикасен.
Според директорот на украинската истражна служба Рјабошапка блокирал стотици истраги за корупција во земјата.
Можно е следниот државен обвинител да биде номиниран следната недела.
Парламентот завчера ја прифати оставката на премиерот Олексиј Хончарук, кого Зеленски исто така го обвини за неефикасност во борбата против корупцијата.