Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги искажа своите впечатоци по нерешениот резултат на натпреварот против Ливерпул (1:1) во 28. коло од Премиер лигата.
– Почнавме навистина добро, но Ливерпул е неверојатен тим. Ние имавме свои моменти, тие свои. Не е лесно да се игра против нив. Во првото полувреме имавме иницијатива, многу шанси. Откако им го подаривме пеналот, настрадавме. Тоа беше добар натпревар за гледачите, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од играта на неговите избраници против Манчестер сити и покрај нерешените 1:1.
– Неверојатно. Малку бевме неумесни во првите 10 минути и Манчестер сити одигра како што треба. Но, потоа следуваше најдоброто второ полувреме на Ливерпул против Сити. Да, противникот ја погоди стативата, но ние требаше да постигнеме 2-3 гола. Извонреден фудбал. Верувам дека за прв пат 100% докажавме дека сме на вистинскиот пат. Ќе се бориме и ќе видиме до каде ќе стигнеме. Не се сеќавам дека Манчестер сити некогаш се мачел толку многу како денес. Бевме супер, истакна Клоп.
Ливерпул и Арсенал се на водечките позиции во Премиер лигата со по 64 бодови, Манчестер сити е веднаш зад нив со бод помалку.