Во Индонезија регистриран првиот смртен случај поврзан со корона вирус, јавува државната новинска агенција Антара.
Пациентот имал 53 години и бил странски државјанин кај кој имало симптоми, но и дополнителни компликации како дијабетис, белодробно заболување, хипертензија и тешкотии во дишењето, кои го отежнувле лекувањето.
„Пациентот веќе беше во тешка состојба кога беше примен во болницата“ изјави владиниот портпарол Ахмад Јурианто.
Во Индонезија за сега има 27 регистрирани случаи на Ковид-19.
Превод: А. Н. С.
Извор: CNN