Советот за безбедност на Обединети нации гласаше за продолжување на ембаргото за оружје против Јужен Судан и покрај апелите од Џуба, Африканска Унија и други земји, меѓу кои Русија и Кина, да се укине или намали рестриктивната мерка.
„За“ резолуцијата предложена од САД се изјаснија девет држави, шест – Русија, Кина, Мозамбик, Алжир, Сиера Леоне и Гвајана беа воздржани.
Резолуцијата, исто така, ги продолжува забраните за патување и замрзнувањето на имотот на лица од Јужен Судан, кои се под санкции на ОН до 31 мај 2025 година.