Од вечерва до четврток (6 јуни) кумановци и македонската публика ќе има можност да го проследат првиот стендап фестивал „Четвртак у 9“ во Куманово. Настанот, како што информираат организаторите – здружението „Арт-Манија“ и „Кабаре Кабает“ ги собира стендап комичарите од државата, а се одржува на две локации во градот.
-Сметаме дека нудиме интересна содржина ги покануваме сите да нè проследат. Очекуваме фестивалот да стане традиционален, изјави актерот Чедомир Митевски.
Првата вечер ќе се одржи во „Касапски круг“. Публиката ќе ги проследи Тино и Атанас и Зоран Донев. Во среда ќе се одржи во „Јард“ со Изабела Пан и Надица Петрова, како и настап на вокално-инструменталниот состав Кабаре Кабает. На затворањето на 6 јуни (четврток) ќе настапат Бојан Кирковски, Мирослав Петковиќ и Чедомир Митевски.
Фестивалот е во организација на здружението Арт-Манија и колективот Кабаре Кабает, а дел е финансиски поддржан од Општина Куманово.