Тој како министер за транспорт и врски во режимските години има одговорност за пустошот што ВМРО-ДПМНЕ го остави во инфраструктурата. Мисајловски не е нов кадар на ВМРО ДПМНЕ, туку му има слугувано на режимот и криминалот цела деценија, и како Државен секретар во Министерството за надворешни работи, а потоа и во Министерството за транспорт и врски, и како директор на ЈП „Државни патишта”, пишува во соопштението на СДСМ.
„Оттаму, на истрошениот кадар Мисајловски му се одблизу познати криминалните шеми за владеење, крадењето милиони народни пари, претворањето на граѓаните во гласачки послушници и методите за инсталирање и одржување режим.
Затоа овој кандидат на ВМРО ДПМНЕ не може ниту да ветува, ниту да исполнува. Тој нема капацитет да се грижи за доброто на граѓаните и да ја развива државата, тој само може одново да се вклопи во криминалниот мозаик на Никола Груевски.
Кадарот на груевизмот кој застапува антиевропски ставови е познат и докажан губитник на избори. Во 2017 година беше поразен на локалните избори во Ѓорче Петров. Сега на 12-ти април му претстои уште еден, поголем пораз, од сите граѓани во втората изборна единица.
Граѓаните знаат кој концепт да го изберат. Тие сакаат сигурна иднина, европска држава и силна економија, тоа што им го нуди СДСМ со коалицијата. Затоа на 12-ти април народот ќе го каже последниот збор против криминалците и насилниците, каков што е Мисајловски за кого е потврдено и со судска пресуда за нанесени тешки повреди“, се вели во партиското соопштение.
 
			
 




 
 
