ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Љутков: Треба да останеме на конзервативната култура, не можеме да размислуваме за некакви модерни, современи решенија, на некоја независна култура,

July 11, 2024 23:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

Многу сум претпазлив во се што ќе правам, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков и нагласи дека конечно треба културата да стане профитабилна дејност и стопанска гранка, релевантен фактор во економијата во Македонија.

Приоритет ни се креативните и културни индустрии, истакна Љутков вечерва во Вин Вин на Телма. Според него, тоа е дејност што може културата конечно да ја направи профитабилна.

Културниот туризам, според Љутков, моментално е најзастапен во Македонија и таму влегуваат најмногу средства од посетата на големиот број туристи, од посетата на арехолошки локалитети, како што се Стоби, Старата Скопска чаршија…

Прашан што се приоритетите, министерот Љутков посочи дека сега се откочуваат сите оние процеси кои биле „закочени“ со години. Такви има десетици, подвлече, и ги посочи зградите на театрите во Старо Нагоричане, Плаошник, кумановскиот и турскиот театар…

Тој рече дека не е точна информацијата дека ќе се укине наградата „Мето Јовановски“ .

– Јас сум уметник, а уметноста е секогаш тука за да го критикува општеството, поединецот, власта,… и како уметник јас ја слушам фелата, а помалку политиката, истакна Љутков.

Најави дека многу повеќе ќе се трошат средства на институционална и националната култура, бидејќи, како што рече, институциите ни се девастирани во овој период.

– Ние не можеме да размислуваме за некакви модерни, современи решенија, на некоја  независна култура, кога имате разрушени национални институции. Ние треба да си останеме на, еве ако сакате наречете ја конзервативната култура, но формата можеби треба да биде поинаква. Ние мора нашата култура и традиција на децата да им ги сервираме такви какви што се. А начинот на кој ќе бидат презентирани. Тоа се сложувам дека да бидат современи форми со кои ќе се идентификуваат, рече Љутков.

За министерот Љутков голем предизвик и е многу важно во 2028 година Градот Скопје да биде Европска престолнина на културата.

Прашан за Универзална сала, министерот за култура и туризам  рече дека во овој момент можеби не е толку важна изградбата на Универзалната сала во Скопје, затоа што, подвлече, таа секако  не може да се заврши во рокот до 2028 година.

Тој се осврна и на Агенцијата за филм, при што потенцира дека немало проблем до 2017 година затоа што реално имало средства и биле поделени критериумите.

– Денес никој нема пари за да снима. Веќе пет години чекаат на ред филмовите. Само треба да не се краде и тоа е доволно. Критериумите за филм се многу точни, Зкаонот за филмската дејност е добар, само треба да се менаџира квалитетно, да не се краде како што се крадело во годините наназат, поготово последните три – четири, да не се изигрува законот и да бидеме точни, порача меѓу другото министерот за култура и туризам Љутков.

Tags: култураЉутков
Next Post

Љутков: Во овој момент можеби не е толку важна изградбата на Универзалната сала во Скопје

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk