ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците го разгледуваше Годишниот извештај на Народниот правобранител за 2023 година

July 18, 2024 15:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците на денешната седница во Собранието на Република Северна Македонија расправаше за Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2023 година.

Пратеникот Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на расправата потенцираше дека втор ден пратениците на СДСМ и ДУИ не се присутни во салата. Според него, со тоа изразуваат непочитување.

– Изразуваат непочитување кон македонскиот народ, кон нас пратениците и кон институцијата Народен правобранител, рече тој.

Се осврнаа на повеќе точки од извештајот на при што посочи дека и покрај препораките од страна на НП, истите се игнорирани од старата власт.

– Новата влада започна со темелни реформи, се воведуваат функционални министерства и институции кои ќе бидат во корист на граѓаните, дополни Мицевски.

Пратеничката Драгана Бојковска се осврна на правосудниот дел од Извештајот и истакна дека е загрижувачко што најголем број од забелешките се во врска со непостапувањето на Основното јавно обвинителство.

– Особено загрижувачко е што ОЈО немало комуникација со граѓаните, односно граѓаните поднесувале претставки до НП по однос н анеинформирање на постапките што се водат во Јавното обвинителство, рече таа.

Пратеничката Благица Ласовска посочи дека Извештајот, како што рече „добро ги констатира фалинките во општеството и целиот административен систем“.

– Ништо не ме изненадува, ова е се полошо и полошо, дното е допрено уште пред 7 години, наше е како парламентарно мнозинство да се обидеме да донесеме законски решенија во полза на институцијата НП, а институцијата НП да работи во полза на заштитата на правата и граѓаните, рече таа.

Пратеничката Каролина Наскова изрази надеж дека следниот извештај ќе биде исполнет со повеќе решенија.

На денешната расправа говореа повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои укажаа на аномалиите од Извештајот и посочија дека таквата пракса треба да престане.

Народниот правобранител, Насер Зибери, главните констатации содржани во Извештајот ги презентираше вчера.

Продолжението на седницата на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците ќе биде дополнително закажано.

Next Post
Фото: Телеграм/Зеленски

Уште 95 украински бранители се вратија дома од руско заробеништво, досега вратени и над 160 цивили

НАЈНОВО

Рим, Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места

August 19, 2025
фото: Охридско лето

Полска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“

August 19, 2025
Фото: илустрација / unsplash

Студија: Светската стапка на самоубиства намалена за речиси 30 отсто од 1990 година

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk