Бившиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Хрватот Горан Иванишевиќ, се огласи по освојувањето на златниот медал на Србинот на Олимпијадата во Париз.
„Играше паметно. Беше агресивен, веруваше во секој удар. Алкараз удираше силно, а Новак уште посилно, со тоа го изненади и изнервира, па Карлос почна да греши“.
Иванишевиќ за српски Спорт Клуб додаде дека „луѓето забораваат дека ова е првпат да игра во финале на Олимписките игри. Чувствуваше дека тоа е тоа, и дека не смее да го пропушти. Иако, колку е луд, не би бил изненаден ако игра и во Лос Анџелес“, потенцира Иванишевиќ.
Иванишевиќ во моментот рече дека се уште не се слушнал со Ѓоковиќ од сосема разумни причини, но му посакал среќа пред финалето.
„Сега знам дека има многу што честитаат, полека ќе разговараме“, додаде Иванишевиќ, кој истакнува дека му е исклучително драго што Ноле си го исполнил сонот.