ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДПМ ги соопшти делата во потесен круг за неговите годишни награди

August 20, 2024 09:28
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) соопшти дека на конкурсот за  годишните награди за 2023 година се пријавиле вкупно 35 дела и ги соопшти тие што влегле во тесен избор за награда, а изборот ќе го направат жири-комисиите за секоја од наградите.

ДПМ наведува дека во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите за доделување на годишните награди, секој од членовите на жиријата доставува бодовник, со кој од еден до пет бода поддржува пет наслови. Верификациската комисија од Управниот одбор на ДПМ на крајот го пресметува збирот на бодови.

За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело се пријавиле четиринаесет дела, а во полуфиналниот круг влегле седум наслови:. „Не кажувам“ – роман од Петар Андоновски („Полица“);  „Мина“ – роман од Игор Анѓелков („Или-или“);  „Во трка за животот“ – роман од Петре Димовски („Дијалог“);  „Ако се родат некакви чувства“, – роман од Блаже Миневски („Матица“);  „Заборав“ – роман од Томислав Османли („ВиГ Зеница“); „Сè уште можам нешто да сторам“ – роман од Фросина Пармаковска („Или-или“) и „Вонземјанки“ – збирка раскази од Влада Урошевиќ („Или-или“).

За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра книга поезија пријавени се седум дела, а во полуфиналниот круг, поради израмнет број бодови кај некои од конкурентите, влегле шест наслови: „Коњски житија“ од Зоран Анчевски („Арс ламина“); „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски (самиздат); „Умоверзум“ од Фима Клетникова („Макавеј“);  „За сите времиња“ од Братислав Ташковски („ПНВ публикации“); „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова („Арс ламина“) и „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ („Караманови средби“).

За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади биле пријавени шест дела. ДПМ посочува дека поради малиот број конкуренти, вториот круг за оваа награда е воедно и финален, а во него влегуваат три наслови: „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова („Едука Мак“);  „Рокчето“ од Никола Маџиров („Арс Ламина“) и „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска („Чудна шума“).

За наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика пријавени се осум дела. Во вториот, полуфинален круг, влегле пет наслови: „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски („Матица“); „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ („Полица“);  „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајковски („Прозарт“);  „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски (самиздат) и „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски (Филозофски факултет).

-Засега се познати финалистите само за наградата „Ванчо Николески“. Финалистите за трите други награди се планира да бидат објавени на 10 септември, по вториот круг гласање на жири-комисиите. Во однос на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено на некој од јазиците на националностите во Република Северна Македонија, рокот за достава на книги и на преводи до ДПМ е продолжен до 1 септември (недела), информира писателската асоцијација.

Годишните награди на ДПМ за 2023 година се доделуваат вонредно, со задоцнување и надвор од вообичаениот термин во февруари. Како што соопшшти ДПМ, свеченото врачување ќе биде на 18 септември 2024 во неговите простории.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДПМ
Next Post

Блинкен потврди дека Израел го прифатил предлогот за прекин на огнот и го повика Хамас да го стори истото

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk