Во Кабинетот на Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски во моментов се одржува седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија на која се разгледува состојбата со корона вирусот.
На сите присутни во вила Водно, пред да влезат на средбата, им се мереше телесна темепратура, како превенција од корона вирусот.
На десницата присуствуваат и министерот за здравство, Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Ѓурчиновски, министерка за одбрана Шекеринска, министерот за надворешни работи Димитров, техничкиот министер на внатрешни работи Чулев, претседателот на Собранието, Џафери како и техничкиот премиер Спасовски.