ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тошковски – Дачиќ: One Stop Shop системот ќе профункционира до почетокот на следната сезона

October 10, 2024 14:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МВР

Фото: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше домаќин на делегација од Република Србија предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Двете делегации остварија билатерална средба во просториите на СВР Куманово, информираат од МВР.

Оттаму истакнуваат дека на средбата беше разговарано за модалитетите на понатамошно унапредување на досегашната одлична соработка помеѓу двете министерства, координација за учество на делегација на Република Србија на Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија на луѓе долж источно-медитерантската рута која ќе се одржи од 14 до 17 октомври во Охрид оваа година.
Исто така на средбата се разгледа и нацрт текст за Договор помеѓу двете влади за воспоставување на заеднички контроли во рамките на One Stop shop концептот на заедничкиот граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево.

„Имавме состанок во СВР Куманово, при што ги констатиравме фазите за постигнатото во сето она што го преземавме како планови и обврски во рамки на последната посета. Разговаравме за се она што е поврзано меѓу двете полиции од аспект на тековна соработка која морам да потенцирам дека е одлична. Продолживме да разговараме за темата од минатиот пат а тоа е подобрување на транзитот на нашите граѓани на граничните премини со тоа што договорено е во рамки на техничките групи меѓу двете министерства да има континуирани средби за реализација на крајното решение за One Stop Shop системот. Овој проект е многу значаен за двете држави и мораме да го реализираме што побрзо и веќе од следната туристичка сезона да имаме брз проток на патници и стоки преку заеднички контроли на граничните премини.“, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски додаде дека одличната соработка меѓу двете министерства и полиции ќе продолжи и ќе се надградува и во делот на заеднички и взаемни обуки со цел подигнување на капацитетите на двете полиции во борбата со сите видови криминал и предизвици од областа на безбедноста.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потенцираше дека ова е трета заедничка средба на која прецизно ги дефинираат чекорите и работите кои треба да се направат за да се решат проблемите и со тоа да се олесни животот на граѓаните на двете држави.

„Најголемиот проблем на кој сме фокусирани е долгото чекање на границата за нашите граѓаните и се веќе работиме со конкретни чекори и тимови на двете министерства тоа да се операционализира и процесот да усоврши така што нема веќе да постои таков проблем. Во насока на другите проблеми како илегалната миграција знаете дека со заедничка работа меѓу двете полиции е направено многу за да се намалат преминувањата на илегалните мигранти и добивме пофалби за тоа од страна на Европската комисија и Унија. Тоа е заеднички проблем и ние сме на патот на таа рута на илегална миграција која на крај води во Европската Унија и бидејќи самата мигрантска рута поминува низ земји на ЕУ па низ нашите земји добиваме и ќе добиваме поддршка во вид на логистика и материјално-технички средства од самата ЕУ за справување со илегалната миграција“, подвлече министерот Дачиќ.

Двајцата министри на крај истакнаа дека двете полиции соработуваат одлично и таа соработка ќе се унапредува во делот на организираниот криминал, нелегалната миграција, трговијата со луѓе, шверцот со дрога, борбата против тероризмот и брзата размена на информации.

Tags: „One-stop-shop”Ивица ДачиќПанче Тошковски
Next Post
Фото: МИА

Села: Уставен суд не го укина балансерот туку „правото на етничка припадност“

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 11 мај 2026: Ден за интуиција и внатрешен мир

May 11, 2026
Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk