Стрип за авантурите на Астерикс е објавен на редок шведски дијалект, којшто го говорат само 7.000 луѓе во западна Финска, изјави Јон Хагнас, директор на проектот.
Стрипот „Големата транзиција“, објавен во 1975 година, од денес е достапен на тоа шведско наречје, како дел од напорите тоа да се одржи во живот, објави „Фигаро“.
Финскиот е мајчин јазик на мнозинството од околу 5,5 милиони жители на Финска, а шведскиот го говорат нешто повеќе од пет отсто од жителите кои живеат на западот на оваа земја.