ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кос: Ќе направам се билатералните спорови да не стојат на патот на проширувањето

December 5, 2024 12:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе направам се да обезбедам билатералните спорови од минатото да не можат постојано да стојат на патот кон нашата заедничка цел – приближување на земјите од Западниот Балкан кон Европска Унија, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на форумот „Самит ЕУ-Западен Балкан: Обновен пристап кон регионот“ во организација на бриселскиот тинк тенк „Пријатели на Европа“.

– Мојот сон е да ги имаме сите земји од Западниот Балкан во Европската Унија и да ги видиме отстранети границите и билатералните тензии, како што беше случај во многу делови од континентот, изјави Кос, додавајќи дека со отстранувањето на физичките бариери на раздвојување, многу историски тензии ќе се тргаат на страна.

Според неа, ЕУ за првпат има реален пристап со кој до крајот на мандатот на сегашната Европска комисија „до линијата на целта“ би можеле да бидат донесени една или повеќе земји кандидати за членство.

– Надежта, можностите и визијата не движат сите нас сите овие години кон мирољубива и просперитетна иднина, рече Кос.

Според неа, денес мирот, слободата и просперитетот во голема мерка зависат од посилна и пообединета Европа.

Таа нагласи дека на средбите со лидерите од земјите од Западен Балкан претходните два дена им порачала дека може да сметаат на неа како на член на тимовите што ќе работат на нивното приближување кон ЕУ.

Кос нагласи дека не е само прашањето кога ЕУ ќе прими нови членки, туку и што можат да направат кандидатите за членство за посилна и побезбедна Европа, нагласувајќи дека процесот на проширување ќе остане базиран на заслуги и остварување, пред се во однос на владеењето на правото.

– Но, ако кандидатите за членство испорачаат, тогаш сакам да бидат наградени за тоа, додаде Кос, потенцирајќи дека новата Европска комисија е Комисија на проширување.

Според неа, во Брисел постои единство кога станува збор за изградбата на поголема и посилна Европа, но потребно е такво единство и посетеност да покажат и земјите кандидати за членство, за што е потребно соработка меѓу властите, опозицијата, граѓанскиот сектор и сите сегменти на општествата.

– Ќе биде потребна многу техничка работа што ќе треба да ја завршиме заедно, но сакам да ве уверам дека проширувањето не е технички процес, рече Кос, додавајќи дека сето она што се прави во процесот на проширување е во интерес на луѓето и за повторно обединување на Европа.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пак, во водното обраќање нагласи дека во Брисел сега преовладува нов момент во однос на проширувањето и посебно е важно што тој процес е меѓу седумте приоритети на новата Европска комисија.

Според него, има четири можни сценарија во врска со проширувањето во следните години. Првото би било најнепожелно и тоа би било ситуација во која ниту кандидати за членство нема да бидат подготвени за членство, ниту пак Европската унија ќе биде расположена да ги вклучи во своето семејство.

Второто сценарио, како што нагласи Милатовиќ, би било земјите да ги исполнат поставените услови, а ЕУ сепак поради некои свои причини да реши да не ги прими во членство. Најдобар пример за ваквото сценарио, според него, е случајот со Северна Македонија, која, како што рече, направила многу на својот пат кон ЕУ, а за возврат не го доби тоа што го заслужи.

Според Милатовиќ, третото сценарио би било земјите да не се подготвени за членство, а Унијата сепак да реши да ги прими, варијанта која ја оцени како најскапа.

Четвртото сценарио, како што истакна Милатовиќ, би било „вин-вин“ варијанта, односно тоа би било кога и кандидати за членство ќе ги спроведат реформите за изградба да демократски и функционални институции и кога и ЕУ ќе донесе одлука да ги прими во блокот.

Генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговорите за проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман, пак, оцени дека кога станува збор за процесот на проширување во ЕУ се враќа „духот на 2004 година“, кога во Унијата беа примени 10 нови член, процес кој стана познат како „големо проширување“.

Според него, во такви услови и со новата Европска комисија, следната година во голема мерка ќе биде посветена на проширувањето.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: билатералните споровиКос
Next Post

АКТО: „Градот како сцена: Пловечки универзитет“ - тридневен уметнички проект

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk