ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Опра Винфри со осврт на крајот на ТВ-емисијата

December 16, 2024 16:45
in ДЕНЕС, МАГАЗИН

Опра Винфри тврди дека добила повеќе понуди за своите мемоари, но една работа ја спречило медиумската ѕвезда да ги напише – семејството. Во дискусија со Гејл Кинг на Конференцијата за жени во Бостон, Масачусетс, САД, викендов таа искрено проговори за тоа.

– Имаше многу прилики кога размислував да пишувам, а не го сторив тоа. Имав договори да го сработам тоа… Мајка ми беше сѐ уште жива и јас почнав со (пишувањето на, з.п.) мемоарите… И Стедман (Грејм – нејзиниот долгогодишен партнер) ми рече: „Не треба да го кажуваш тоа за мајка ти“. Сè што сакав да кажам беше дека никогаш не се чувствував сакана. А, тој ќе речеше: „Тоа ќе го повреди вашето семејство“, објасни Опра.

Мајката на познатата водителка почина во 2018 година. Прашана – дали конечно ќе продолжи со пишувањето мемоари сега, Опра нагласи дека „воопшто не размислува“ за тоа.

Крајот на „Шоуто на Опра Винфри“ се случи во мај 2011 година – по 25 сезони. Таа е убедена дека завршувањето на нејзината емисија во тоа време е вистинскиот избор, иако, вели, ќе беше профитабилно да продолжи со неа.

– Не. Емисии секој ден, сега денес!? Не! Искрено чувствував дека е време да ја завршам емисијата. Да потпишев друг договор, ќе заработев најмалку уште една милијарда долари… Сè потешко и потешко се наоѓав себеси како седам на тоа „столче на вистината“, појасни таа.

Според кажувањата, главен проблем било тоа што секоја година се обидувале да се надминат себеси…

– Секогаш се обидуваш да го направиш тоа што ќе го надмине она што досега си го направил… Сè што ќе помислите кога ќе помислите „Се прашувам како е да се биде Опра“ – знајте дека тоа е 100 пати подобро од вашата замисла, нагласи таа.

Иако нема толку густ распоред како во деновите на нејзината ТВ-емисија, водителката, која е на самиот почеток од осмото десетлетие од својот живот, ужива во флексибилноста на новата интернет-емисија „Опра поткаст“ (The Oprah Podcast), во којашто повторно зборува со значајни поединци. Таа тврди и оти допрва сака да научи скијање.

Next Post

Кралскиот Божиќен семеен собир на Чарлс Трети со рекорден број гости

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk