ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зоки Поки, Сказна за детето Вилен и Белото Циганче на Брајово писмо

December 27, 2024 08:52
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Спомен-собата на Миладиновци ‒ „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје денеска ќе бидат промовирани на книгите на Брајово писмо Приказни за Зоки Поки од Оливера Николова, Сказна за детето Вилен од Глигор Поповски и Белото циганче од Видое Подгорец, како дел од одбележувањето на 200 години од Брајовото писмо и Светскиот ден на Брајовото писмо – 4 Јануари.

-Оваа година ширум целиот свет се одбележуваат 200 години од измислувањето на Брајовото писмо, па во таа чест насекаде се преземаат разни акции, се организираат разни настани, се реализираат разновидни проекти со кои се поттикнува свесноста за значењето на Брајовото писмо, за писменоста и употребата на истото, за можностите кои тоа ги отвора за слепите лица. Во оваа јубилејна година, кога се одбележуваат 200 години од измислувањето на Брајовото писмо и во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на Брајовото писмо – 4 Јануари, Издавачкиот центар АЛДЕБАРАН од Струга, како единствена издавачка куќа во Македонија која рамките на својата издавачка дејност има сегмент за издавање на публикации на Брајово писмо, подготви неколку публикации – класични дела од македонската книжевност: Приказни за Зоки Поки од Оливера Николова, Сказна за детето Вилен од Глигор Поповски и Белото циганче од Видое Подгорец, а во соработка стручни лица вработени во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, велат издавачите.

Излегувањето на овие, како што нагласуваат, некомерцијални и исклучително скапи изданија, првенствено го помогна Министерството за култура на Република Македонија, но и други општествено одговорни компании и поединци.

-Одговорност на сите нас како заедница и држава е да направиме многу повеќе и барем овие темелни книги да направиме да бидат достапни и на Брајово писмо за новите генерации кои се описменуваат и се користат со него. Овие публикации се подготвуваат како дел од мисијата за достапност на македонските и светските книжевни класици до сите читатели. Сите се дел од задолжителните лектири на учениците од основното образование, со оглед на тоа што тоа е најосновната и насушна потреба во овој миг, а со цел новите генерации кои се описменуваат за користење на Брајово писмо да имаат еднакви можности како и сите други деца, да може да ги читаат класичните дела од македонската и светската книжевност. Убедени сме дека сите заедно ќе придонесеме кон остварување на оваа благородна цел, нагласуваат од Издавачкиот центар АЛДЕБАРАН од Струга.

Tags: Белото циганчебрајово писмоЗоки Поки
Next Post

Што е квантна вештачка интелигенција и колку сме далеку од нејзина реализација?

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk