Потпретседателот на САД Џеј Ди Вeнс се сретна со Алис Вајдел, лидерка на германската крајнодесничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД), јави ДПА.
Средбата се одржа во хотел во Минхен, каде што Вeнс учествува на годишната Минхенска безбедносна конференција.
Претходно, во своето обраќање на конференцијата, Вeнс ја критикуваше стратегијата на германските партии кои се обидуваат да ја изолираат АфД и упати остри забелешки за демократските процеси во Европа.
Состанокот меѓу Вeнс и Вајдел се случува само една недела пред парламентарните избори во Германија, закажани за 23 февруари.