Мислам дека ние сме далеку од разбирањето на она што значат современи читања на културата. Затворени сме сѐ уште во концептот на култура како нешто што ќе не воздигне, ќе не расположи, вели Искра Гешоска, директорка и програмски уредник на КРИК – Фестивал за критичка култура и на Контрапункт во интервју за Рацин.мк.
Таа додава дека признанието што го доби од Институтот Гете и Министерството за надворешни работи на Германија, Медалот Гете, е, всушност, поздрав на ново читање на културата.
„Дека културата е политична. Овде како некој да се плаши да ја дефинира културата како политична, критичка, и нешто што ќе го поддржи демократскиот и еманципаторски простор“, рече Гешоска за Рацин.мк.
Нема никава стратегија како да се поддржи независниот културен сектор, вели Гешоска, и како резултат на овој пристап, смета Гешоска, ние сме доведени во ситуација да ја ризикуваме и привилегијата и титулата Скопје, Европска престолнина на културата 2028.
Гешоска вели дека со внимание и колку што е можно поскоро, ако не е веќе сосема доцна, треба да се земат предвид предупредувањата дека многу се доцни со стартот на процесите за Скопј, ЕПК 2028.
„Ние нема што друго да извезуваме, единствено е нешто е културата. А, ако се повикуваме на искуствата од другите европски престолнини, доминантни се програмите кои се креирани од независната културна сцена“, укажува Гешоска.