ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пет кандидати за директор на Филхармонија, ќе биде избран оној кој ги исполнува сите услови, уверува Љутков

February 21, 2025 15:21
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Изборот за директор на Филхармонија ќе биде спроведен законски, уверува министерот за култура Зоран Љутков, по денешната средба со Синдикалната организација на вработените во Филхармонија.

Како што информира Љутков, формирана е комисија која треба да достави извештај за пристигнатите кандидатури. Има пет кандидати за директор и директор ќе биде оној којшто ги исполнува сите услови коишто постојат во законот.

Синдикалната организација на вработените во Филхармонија денеска одржаа протест пред Министерството за култура со апел Министерството да ги почитува законските одредби при избор на директор на конкурсот кој заврши минатата недела, по што беа примени на разговор со министерот Љутков.

Владимир Лазаревски, од Синдикалната организација на вработените во Македонската филхармонија, по средбата рече дека добиле уверување од министерот дека ќе постапува законски, дека изборот за директор на Македонска филхармонија ќе биде спроведен законски, а тоа значи дека кандидатот ќе има пет години работно искуство во културата, сертификати и се што е пропишано во конкурсот.

-Очекуваме дека ќе си го исполни својот збор. Наше е да реагираме, наше е да се плашиме кога претходно пред да биде распишан конкурсот од политичари, од вицепремиер, дознаваме кој ќе биде со име и презиме и со тоа се нарушува легитимноста на конкурсот. И затоа наше беше денеска да протестираме и да покажеме дека сме загрижени. Верувам министерот ќе си го одржи неговиот збор, изјави Лазаревски.

Сите овие изминати години, посочи Лазаревски, им дава за право да реагираат предвреме бидејќи, како што рече, биле сведоци сите овие години на тортура од страна на Министерството за култура и затоа ние излеговме денеска на овој јавен протест.

Министерот за култура, Зоран Љутков, по средбата, изрази жалење што морало ова да биде на ваков начин „прво да се направи протест, па се разговара“.

-Не би сакал да коментирам ништо што е во процес. Во тој момент беше во процес конкурсот избор на директор на Филхармонија, како што имаме и на други 78 институции коишто ќе следуваат во периодот. Нивното барање беше овој конкурс да биде законски. Се разбира ќе биде законски. На, 17.02 заврши конкурсот, денеска е избрана комисијата. Сега бев информиран дека се пристигнати пет апликации. Има пет кандидати за директор. Комисијата ќе работи во наредниве денови и ќе ми достави извештај од пристигнатите кандидатури. Директор ќе биде оној којшто ги исполнува сите услови коишто постојат во законот. Не би сакал однапред да се сугерира дека ќе биде незаконски конкурсот. Јас незаконски не работам, изјави Љутков.

Досега, посочи Љутков, сум назначил повеќе од половина од директорите на огласи преку Министерството за култура и секој избор на директор бил законски.

Tags: директоркандидатиконкурсФилхармонија
Next Post

Мерц: Европа мора да биде подготвена да се брани без САД

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk