ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Очекуваме да добиеме позитивна одлука за преговори со ЕУ

Во изминатите две години, потсети, најдовме решенија за сите билатерални прашања

October 14, 2019 16:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Знаеме дека многу земји зборуваат позитивно за Република Северна Македонија. Го подобривме нашиот имиџ како држава која гради пријателства со своите соседи. Ние сме следната членка на НАТО, што е многу важно за нашиот регион кој е мултиетнички. НАТО значи поголема стабилност и подобра безбедност, истовремено значи и зголемен број инвестиции и за Северна Македонија и за регионот. Очекуваме најдоцна до крајот на неделава да добиеме позитивна одлука за преговори со ЕУ, конечно по 14,5 години чекајќи одлука за почеток на пристапните преговори.

Ова денеска го порача премиерот Зоран Заев во рамки на дводневната конференција на почесни конзули на Република Северна Македонија акредитирани во странство.

Во изминатите две години, потсети, најдовме решенија за сите билатерални прашања.

– Ние сме пријатели со сите. Ние сме  единствена земја во регионот која нема отворени билатерални прашања. И секако тоа дава идни можности за подобра соработка во регионот. Но, исто така ги охрабрува и другите земји, од другите региони во светот да ја продолжат добрата соработка со нашата земја, рече Заев.

Смета дека за секој инвеститор се многу важни сигурноста, стабилноста, безбедноста. Тоа, како што рече, е минимумот што тие го очекуваат доколку одлучат да отворат инвестициски процес тука и да остварат профит.

– Ние сме во процес за влез во НАТО. Секако, очекувањата се дека кон почетокот на следната 2020 година ќе бидеме член на НАТО и секако Европската Унија за нас значи поголема трансформација во правец да бидеме подобра демократска земја, со повеќе европски вредности, каде владеењето на правото ќе сјае, каде образовниот систем ќе ја подготвува идната генерација за да биде квалификувана за потребите на пазарот, подобра едукација, подобра култура…, рече Заев. Додаде дека нашите интереси како земја се да имаме повеќе работни места, подобар извоз на нашите производи…

На конференцијата се обрати и вицепремиерот за економски прашања и за координација на економските ресори Кочо Анѓушев кој порача дека почесните конзули преку својата економска дипломатија може да помогнат во привлекување кредибилни инвеститори во обновливи извори на енергија, фотоволтаици, гасоводна дистрибутивна мрежа, голем откупен центар на земјоделски производи, како и компании кои вработуваат високо технолошки кадри за задржување на младите и извезување на готови производи.

Извор: МИА

Next Post

Пендаровски за „Етнос“: Се надевам и очекувам позитивна одлука од Европа

Shortcut

Најново

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

Загинати и повредени во Кијив во масовни руски воздушни напади, оштетена Кијево-Печерската лавра

June 15, 2026

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk