ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Четиридневна работна недела – какви се резултатите на пилот-студијата во Белгија?

May 25, 2025 12:11
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Campaign Creators / Unsplash

Фото: Campaign Creators / Unsplash

Само 2,85 отсто од компаниите во Белгија ангажираат работници според системот на четиридневна работна недела, покажуваат резултатите од истражувањето на белгиската агенција „Асерта Консалт“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за режим во рамки на Пилот-студија на белгиското Федерално биро за планирање, при кој вработените работат само четири дена во неделата, но со подолго работно време од осумчасовното и при што ја добиваат целата своја плата како да работеле пет дена во седмицата.

Сепак, истражувањето покажува дека во ваквиот систем на работа се вклучени само 0,8 отсто од сите вработени лица во Белгија.

– Моделот на четиридневна работна останува исклучок на нашиот пазар на трудот. Иако бројот на вработени кои се одлучуваат за овој режим се зголемува, нивниот удел сепак останува низок, изјави правната експертка во „Асерта Консалт“, Лизбет Геталс.

Според неа, ангажирањето во четиридневна работна недела значи дека работниците би требало во работните денови да минат повеќе од осум часа на своите работни места, што не е изводливо за секого и во секој сектор.

Геталс посочува и дека дополнително со покусата работна седмица работниците би останале без бенефициите што ги добиваат во петтиот работен ден во неделата.

Истражувањето покажува дека 39,2 отсто од компаниите со над 500 вработени имаат барем еден вработен со полно работно време кој е ангажиран според режимот од четири дена, додека таквата стапка во фирмите со од 200 до 500 вработени е 19,3 проценти.

Според Геталс, воопшто не претставува изненадување што режимот од работна недела од четири дена е почест кај поголемите компании, бидејќи тие обично имаат повеќе можности да обезбедат континуитет во работата.

Фактот што најголемиот дел од компаниите во Белгија се со помал број вработени, резултира со податокот дека само 2,85 од вкупниот број регистрирани претпријатија во земјата нудат можност за работа според режимот на четиридневна работна недела.

Ова, според Геталс, значи дека четиридневниот режим на работа се користи многу малку во Белгија.

Во истражувањето била анкетирани 224.000 работници ангажирани со полно работно време во околу 20.000 приватни белгиски компании.

Истражувањето е спроведено во очекување на објавувањето на резултатите од Пилот-студијата за четиридневната работна недела од страна на Федералното биро за планирање. Пилот-студијата беше лансирана во ноември 2022 година врз основа на „Новиот работнички договор“ инициран од претходната белгиска Влада.

Tags: Белгијачетиридневна работна недела
Next Post

Златна палма на Кански фестивал за иранскиот филм „Тоа беше само несреќа“

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk