ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мецола: Случувањата меѓу Израел и Иран претставуваат лакмус тест за сите нас

June 26, 2025 14:20
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата на Блискиот Исток, европската одбрана, поедноставувањето и измените на Изборниот закон на ЕУ биле главни теми на дискусија меѓу претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и лидерите на земјите членки на блокот на почетокот на денешниот Самит на Унијата во Брисел.

На прес-конференција по нејзиното учество на Самитот, Мецола истакна дека ги информирала лидерите на ЕУ за нејзината посета на Обединетите Арапски Емирати и за резултатите од разговорите што ги имала со претставниците на властите на земјата и на Советот за соработка во Персискиот Залив посветени на стабилизација на состојбата во овој нестабилен регион.

– Сведоци сме дека она што се случува меѓу Израел и Иран претставува лакмус тест за сите нас. На Иран никогаш не смее да му се дозволи да развие нуклеарно оружје, бидејќи тоа не е закана само за регионот, туку и за целиот свет, рече Мецола.

Претседателката на Европскиот парламент нагласи дека ЕУ ќе продолжи да инсистира на деескалација на состојбата во регионот и на одржување на кревкото примирје меѓу Израел и Иран.

– Исто така мора да работиме на прекин на огнот во Газа, итно ослободување на сите заложници, ставање крај на теророт и, клучно, хуманитарната помош да стигне до оние на кои им е очајно потребна, рече Мецола.

Во однос на одбраната, Мецола рече дека ЕУ мора да биде сериозна во својата поддршка на Украина, како и во зајакнувањето на својата одбранбената способност, особено по вчерашниот Самит на НАТО во Хаг на кој беше договорено зголемување на трошоците за одбраната. Таа додаде дека Европскиот парламент е подготвен да го даде својот придонес во остварувањето на овие заложби.

Кога станува збор за поедноставувањето, според Мецола, тој процес е клучен во актуелната економска клима, па затоа е потребно усвојување на сите регулативи поврзани со него.

– Европа мора да биде побрза, попаметна и попријателски настроена кон малите и средни претпријатија и ние го правиме токму тоа, потенцира претседателката на Европарламентот.

Мецола додаде и дека ги информирала лидерите оти Европскиот парламент ќе достави амандман на Изборниот закон на ЕУ, со што треба да им се овозможат поголеми бенефиции на европратеничките додека се наоѓаат на породилно отсуство, со тоа што би можеле да го делегираат својот глас доколку сакаат.

– На Европа и требаат повеќе жени во политиката и пораката мора да биде јасна: Не треба само да ги охрабруваме да бидат избрани, туку и да можат да ги остваруваат своите права во Европскиот парламент за време на мајчинството, рече Мецола, додавајќи дека побарала од лидерите сите земји да го поддржат амандманот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: израелИранМецола
Next Post

Вучевиќ: Србија се стабилизира, не е крај на приведувањата

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Населбата Лисиче заборавена четири години

October 16, 2025

Лекарска комора: Комисијата за етички прашања го разгледа случајот поврзан со д-р Кузмановски

October 16, 2025
Скриншот

Се подготвува отворањето на граничниот премин Рафах со Газа за луѓе

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk