ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново

June 30, 2025 15:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска се пушта за сообраќај експресниот пат делница Фариш – Дреново, како дел од експресниот пат Градско – Фариш. Инвестицијата е вредна 44, 7 милиони евра и како што истакна вицепремиерот Николоски, ова била втората најтешка делница за работа, после автопатот Кичево-Охрид.

Од денеска жителите на цела Пелагонија, Тиквешкиот регион и сите други граѓани ќе можат да возат по побезбеден, поквалитетен и побрз патен правец, рече Николоски.

„Навистина е големо задоволството што во ова лето, граѓаните од Тиквешкиот регион, од Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Новаци, Кривогаштани и оние што сакаат полесно да патуваат до Охрид и таму да го поминат дел од одморот, ќе можат да го користат овој експресен пат. Навистина честитки до сите кои беа вклучени во реализацијата на можеби втората најтешка делница од сите што ги работиме во моментов. Гледано како подвиг после автопатот Охрид-Кичево, ова е дефинитивно најсложениот подвиг кој што беше за решавање. Тунелите позади нас и планинанта позади нив  беа голем предизвик. Буквално планина се помести за да се изгради овој експресен пат и да е безбеден што е многу значајно. Ние решивме отворањето да се помести за неколку месеци со цел да имаме максимално безбеден експресен пат по кој граѓаните ќе можат да сообраќаат, но исто така и да ги отстраниме сите пречки кои што стоеја на реализацијата на овој пат.

Замислете претходната Влада не помислила дека ако цела карпа стои на патот дека е возможно во дадени временски услови недајбоже истата да се сруши и на патот. Затоа на крајот на минатата година заедно со Премиерот донесовме одлука да се реши тој проблем, еве денеска е решен, ќе може да се види позади овие тунели дека планината не постои и тоа ќе е најлесниот и најбезбедниот начин за комуникација, што ќе значи од Скопје до Прилеп да се доаѓа за 1 час и 15, односно 1 час и 20 минути , а од Скопје до Битола да се патува за 1 час и 40 минути, а секако после реализацијата на автопатот Прилеп – Битола кој што доста интензивно се работи и за многу, многу пократко.

Би сакал лично да се заблагодарам на Премиерот за неговата посветеност, немаше да бидеме денеска тука доколку лично не беше вклучен во реализација на овој проект,  да се заблагодарам на директорот на ЈПДП и сите вклучени.

И ќе ми дозволите, обично на свечени моменти не коментираме политика, но чесно е да се кажат два збора. Во текот на минатата година за време на изборната кампања, заедно со тогашните кандидати за пратеници а сега пратеници, снимавме еден спот во кој ветивме дека во рок од една година експресниот пат од Градско преку Дреново до Фариш ќе биде завршен. Неколку дена после нас, спот извадија и од СДСМ, тогашниот носител  Венко Филипче со тогашниот министер за транспорт Благој Бочварски. И имаше две реалности, ние излеговме на пат кој што не постоеше, тие излегоа на завршен пат. И сфативме дека тоа се првите употреби на вештачка интелегенција во Македонија на лош начин, односно со вештачка интелегенција направиле како патот да е готов. Поладнето кандидатите за пратеници излегоа тука и ги поканија новинарите и се видоа позади купишта карпи и камења.  Така што после година дена имаме реалност, а не вештачка интелегенција и затоа ние сме таму каде што сме, а нашите опоненти каде што се. Ќе продолживме да ја градиме Македонија уште поинтензивно, претседателе благодарам за подршката. Нека е со среќа и аирлија”-  се обрати вицепремиерот Александар Николоски

Свое обраќање имаа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски кои истакна за огромното економско и регионално значење за овој патен правец.

Претходно беше пуштен за сообраќај експресниот пат делот од Градско до Дреново.

Поврзано: 

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НиколоскиФариш-Дреново
Next Post
Скриншот

(ВИДЕО) Новиот филм на Бред Пит – „F1“ ја освои публиката

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk