ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меџити на средба со шефот на СЗО Али: Животната средина е клучна за здравјето и благосостојбата на граѓаните

July 14, 2025 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска одржал работна средба со шефот на Светската здравствена организација во Северна Македонија, Аким Али и координаторката на процесот, Симона Атанасова.

Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, на средбата била претставена финалната верзија на Стратегијата за соработка за периодот 2026–2030 година. Од Министерството посочуваат дека Стратегијата претставува клучна рамка за заедничка работа меѓу СЗО и државните институции во следните пет години, со јасен фокус на јавното здравје, климатските промени и квалитетот на животната средина. Новата Стратегија е усогласена со националните здравствени приоритети, Целите за одржлив развој и процесот на пристапување во Европската Унија.

Министерот Меџити порачал дека интеграцијата на здравјето и екологијата не е само потреба, туку обврска кон идните генерации.

-Грижата за животната средина е директна грижа за здравјето на нашите граѓани. Затоа, Министерството ќе продолжи да биде двигател на политики што го подобруваат квалитетот на воздухот, чистата вода, климатската адаптација и одржливото урбано планирање – како клучни предуслови за подобро здравје и благосостојба. Оваа стратегија ја потврдува нашата заложба да делуваме навремено, одговорно и системски, потенцираше Меџити.

Од МЖСПП посочуваат дека документот ги препознава силните врски меѓу животната средина и здравјето – со посебен фокус на квалитетот на воздухот, безбедната вода за пиење, управувањето со опасен отпад, одржливото урбано планирање и севкупното намалување на изложеноста на граѓаните на еколошки и климатски ризици, како предуслови за подобра здравствена состојба на населението и намалување на здравствените ризици предизвикани од животната средина.

Во изработката на Стратегијата учествувале над 150 претставници од институции, граѓански организации, младински групи и развојни партнери, а Министерството за животна средина одиграла клучна улога во вклучувањето на еколошките аспекти како суштинска компонента на јавното здравје и одржливиот развој.

Од Министерството најавуваат дека следниот чекор е заедничко потпишување на Стратегијата на меѓуресорски состанок во есен 2025 година, со учество на премиерот, министерот за здравство, регионалниот директор на СЗО и други високи претставници.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува цврст партнер во унапредувањето на јавното здравје и заштитата на животната средина – со јасна цел: да создадеме почиста, поздрава и поодржлива држава за сите наши граѓани.

Tags: АлиМеџитиСЗО
Next Post

Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk