ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Првата награда „Златен стрип“ за Марко Стојановиќ, Милорад Вицановиќ Маза и Аљоша Томиќ од Србија

August 21, 2025 13:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Највисоката награда „Златен стрип“ во конкуренција од 396 стрипа од 13 земји од цел свет учесници  на  меѓународниот стрип конкурс на Стрип центарот на Македонија-Велес му беше доделена и врачена на Марко Стојановиќ од Лесковачката школа на стрип за сценарио, синоќа на  свеченото отворање на  22. Меѓународен салон на стрип „Велес 2025“ во Европската куќа на млади во Велес. Наградата ја подели со Милорад Вицановиќ Маза за цртеж и Аљоша Томиќ од Србија.

Втората награда „Златен стрип“  ја добија Никола Видачковиќ од Србија за сценарио и Игор Јовчевски од Македонија за цртеж за стрипот „Back to the past“.Третата награда „Златен стрип “ му припадна за стрипот„ Залогај“ на Далибор Дадо Пехар од Хрватска.

За најдобар македонски стрип  за „Ехоата на Зал ахим“ наградата ја добија  Војдан Андонов за сценарио и Марко Марковиќ за цртеж.

Воедно првонаградениот Марко Стојановиќ доби и награда за најдобро сценарио за „Проклета авлија“.

Награда за најдобар уметнички израз со стрипот „Души“ добија Марко Стојановиќ од Србија за сценарио и Василис Готцалис од Грција за цртеж.

Специјални награди за млади автори во соработка со Европската куќа –Велес добија Меланија Стојанова сценарио и цртеж и Анџело Џипунов сценарио Велес.за историскиот стрип „Родна Ивева“ борец од Велес. За стрипот „Тешки времиња“ награда доби Александар Танчовски сценарио и цртеж од Скопје и за стрипот „Strum!“ награда доби Тамара Николова од Велес.

Награда за најмлад учесник „Фудбал со изненадувања“ награда доби 7 годишниот Марко Купенков од Скопје.Беа доделени и награди за најдобар стрип во категорија до 14 и до 18 години.

Признанија за соработка со СЦМ-Велес добија: Клуб н ликовни уметници „Рашка школа“ од Рашка,Србија,ЛШС „Никола Митровиќ Кокан“ од Лесковац –Србија ,Здружението на хрватски авторски стрип од Загреб Хрватска,Креативниот градски центар од Валона Албанија и „Имагинариум Арт Студио“ од Битола.

Исто така синоќа на свеченото отворање беа претставени и  стрипови по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал „Вековници“. Промотер беше  Марко Стојановиќ од Лесковац.

Тој информира дека оваа изложба од стрипови од серијалот „Вековница“ била промовирана во многу градови во цел свет, а сега е претставена и во Велес.

За добивањето на највисоката прва награда „Златен стрип“ која е во вредност од 300 евра и која ќе ја подели со колегите Милорад Вицановиќ Маза и Аљоша Томиќ, Марко Стојановиќ за МИА изјави дека е пресреќен иако веќе седум –осум  пати ја добива оваа највисока награда на СЦМ-Велес и овојпат  се чувствува како за првпат да ја добива и е пресреќен воедно таа му е поттик за уште подобро да твори.

-Мене оваа награда ми значи многу бидејќи овој стрип салон  е со многу долга традиција и еден од најстарите во Македонија и на  Балканот. и има голем интернационален углед. На него се пријавуваат стрип автори не само од Балканот туку и од цел свет и конкуренцијата е многу силна.Да се освои награда на овој стрип салон  за мене има големо значење .Факт е дека оваа највисока награда „Златен стрип“ сум ја освоил повеќепати, но јас продолжувам да работам на нови стрипови.Кога ќе се распише нов стрип конкурс за мене е предизвик да направам уште подобар стрип и така и самиот себеси да се натерам на нешто ново и подобро.Оваа награда за мене е голем поттик за мене да продолжам уште поуспешно да творам ни потенцира Стојановиќ кој веќе 30 години ја води Лесковачката школа на стрип „Никола Митровиќ Кокан“.

Присутните на отворањето на 22 Меѓународен стрип салон „Велес 2025“ можеа да ја разгледаат изложбата за некои од пристигнатите стрипови од цел свет.

Денеска во  селото Нежилово ќе започне со работа 7. Стрип колонија, која која ќе трае до 25 август. На неа ќе учествуваат стрип автори од разни генерации од  земјава како и гости од  Бугарија и Србија, а кои  заеднички ќе творат свои стрипови до 25 август.

Овие настани кој ги организира СЦМ-Велес се поддржани  Министерството за култура и туризам, Општина Велес , Европската куќа на млади–Велес, како и стрип заедницата од земјава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

КОНКУРС за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk