ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025 15:53
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

Додека се борев со ветерот и големите бранови, слушнав гласови. Две деца беа повлечени од струјата, а доста подалеку нивниот татко се бореше да остане на површина. Се приближив со даската, им покажав во кој правец да пливаат за да можат да стигнат до брегот и откако го забележав таткото, кој едвај се држеше на површина, му помогнав безбедно да стигне на копно, напиша на социјалните мрежи Евангелос Папајоану, објавувајќи видео од помошта што со неговата СУП даска им ја пружил на туристи во близина на Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Случајот е од неделата, на плажата во местото Епаноми кај Солун, спасувачката акција со среќен крај, сурферот ја снимил со помош на камерата поставена на даската, а видеото во траење од речиси десет минути го објави на Јутјуб.

Во изјава за солунскиот информативен портал „Ворија“, раскажал дека во моментите кога со СУП бил далеку од брегот и имал намера да се врати на копно слушнал повици за помош од момче и девојче на возраст од околу 13-15 години, кои веројатно откако стигнале многу длабоко, влегол нивниот татко за да ги спаси, но не успеал да стигне до нив.

Како што се гледа на самото видео им објаснува на кој начин и во која насока да пливаат за да стигнат на копно, додека пак тие му велат дека му треба помош на нивниот татко.

– Им реков дека пливаат во погрешна насока и дека треба да пливаат во спротивна насока за да си помогнат и да дозволат бранот сами да ги извлече. Не можев да извлечам двајца луѓе со даската и кога им реков дека ќе бидам до нив за да можеме заедно да стигнеме на копно, ми рекоа: „Остави нè нас, оди да му помогнеш на нашиот татко“, раскажува Папајоану.

Во продолжение, сурферот го пронаѓа и таткото, кој видно исцрпен, првично одмора неколку минути на даската, а потоа успева да собере сили и да продолжи да плива кон брегот, во присуство на сурферот, кој му прави друштво и плови веднаш до него.

– Беше во полусвесна состојба, во паника, во шок. Не можеше да дише. Штом ме виде, малку се исправи, се фати за даската, но не можеше добро да се држи, се лизгаше, кашлаше и исфрлаше вода. Кусо му ги држев рацете за да може да се држи за даската, бидејќи немаше сила, човекот беше целосно исцрпен. Седевме пет минути, разговаравме малку за да го смирам, а потоа почна да дише. Откако се освести и се почувствува подготвен, му кажав како да се држи за даската и полека излеговме од море, објаснува Папајоану.

На крајот вели дека кога стигнале на копно децата веќе биле таму, го пречекале нивниот татко и му се заблагодариле на нивниот спасувач.

– Ваквата одлука да интервенираш за спасување носи огромна одговорност. Исходот никогаш не е сигурен, а линијата помеѓу животот и трагедијата може да биде многу тенка. Бидете многу внимателни. Морето бара почит и знаење. За жал, секоја година имаме давења кои можеа да се избегнат, посочи сурферот на социјалните мрежи.

Next Post
Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk